scribbler - онтологија

драскач повеќе

мн. драскачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што пишува бесмислици, глупости.
Употреба: Иронично
Примери:
Тој е драскач што знае само за бабини приказни.

пискарало повеќе

мн. пискарала
Вид збор: Именка, среден род
лош писател или новинар
Примери:
Работеше како пискарало во сомнителни списанија.

скрибоман повеќе

мн. скрибомани
Вид збор: Именка, машки род
Човек што пишува многу и не многу критички.