secure - онтологија

капариса повеќе

капарисаат
Вид збор: Глагол, свршен
обезбеди, обезбедува
Албански: kaparoj, siguroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сите си имаа капарисано брачни другари.

обезбеди повеќе

обезбедат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие, заслужи нешто, овозможи нешто некому.
Албански: siguroj
Примери:
Со својата пожртвувана работа, тој ја обезбеди довербата на колективот.
Задоволи нечии потреби, снабди некого со нешто.
Албански: siguroj
Примери:
Тој им обезбеди храна на животните.
(се обезбеди) Се задоволи, се снабди со нешто.
Албански: siguroj
Примери:
Навреме се обезбедивме со огрев за зимава.

осигури повеќе

осигурат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде сигурно, зацврсти, заштити.
Албански: siguroj
Примери:
Војската го осигури мостот за премин.
снабди, набави
Албански: siguroj
Примери:
Таа си осигури индекс на Филолошкиот факултет.
Снабди, обезбеди некого со неопходни средства (за работа, за живот).
Албански: siguroj, furnizoj
Примери:
Родителите му ја осигурија иднината на својот син.
(се осигури) Се заштити од нешто.
Албански: sigurohem
Примери:
Нашиот одред се осигури од ненадеен напад оваа ноќ.
(се осигури) се снабди, се обезбеди
Албански: sigurohem
Примери:
Моите родители се осигурија со храна за еден месец.

пообезбеди повеќе

Види и: обезбеди (св.)
пообезбедат
Вид збор: Глагол, свршен
Обезбеди во некој степен.
Албански: pajis, siguroj
(се пообезбеди) Се обезбеди во некој степен.
Албански: siguroj, pajis
Примери:
Треба постепено да се пообезбедат средства за огрев.

поосигури повеќе

Види и: осигури (св.)
поосигурат
Вид збор: Глагол, свршен
Осигури донекаде нешто.
Албански: siguroj
Примери:
Со постигнатите резултати тој го поосигури својот пласман.
(се поосигури) Се снабди, обезбеди донекаде.
Албански: furnizoj, siguroj
Примери:
Есента се поосигурил со огрев.