осигури
осигурат; осигурил, осигурила; осигурен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7880
1.
Направи нешто да биде сигурно, зацврсти, заштити.
Примери:
Војската го осигури мостот за премин.
Слично со:
заштити (св.)
2.
Заштити некого од опасност.
Примери:
Обезбедувањето го осигури поминувањето на претседателот.
Слично со:
обезбеди (св.)
3.
Направи нешто да стане реално, оствари нешто.
Англиски:
ensure
Албански:
siguroj, garantoj
Осигури успех.
Осигури победа.
Осигури продажба.
4.
снабди, набави
Примери:
Таа си осигури индекс на Филолошкиот факултет.
осигури огрев, осигури храна
5.
Снабди, обезбеди некого со неопходни средства (за работа, за живот).
Англиски:
secure
Албански:
siguroj, furnizoj
Родителите му ја осигурија иднината на својот син.
6.
Склучи договор за осигурување (куќа, автомобил, имот, живот).
Примери:
Тој ја осигури куќата во осигурителното друштво „Вардар“.
7.
(се осигури) Се заштити од нешто.
Примери:
Нашиот одред се осигури од ненадеен напад оваа ноќ.
8.
(се осигури) се снабди, се обезбеди
Примери:
Моите родители се осигурија со храна за еден месец.
9.
(се осигури) Стане сигурен во нешто.
Примери:
Девојчето се осигури дека во куќата нема никој и влезе.
10.
(се осигури) Склучи осигурување.
Примери:
Јас се осигурив од несреќа во осигурителното друштво „Македонија“ на една година.
Изведенки
осигурува несв.
(се) осигуруваат
(се) осигуруваат