shake - онтологија

доистресе повеќе

Види и: истресе (св.)
доистресат
Вид збор: Глагол, свршен
истресе сè
Албански: shkund krejt
Истресе нешто до крај, убаво.
Албански: shkund mirë

дрма повеќе

дрмаат
Вид збор: Глагол, несвршен
тресе
Употреба: Дијалектен збор

дрмне повеќе

Види и: дрмоли (несв.)
дрмнат
Вид збор: Глагол, свршен
Дрма малку.
Употреба: Дијалектен збор

дрмоли повеќе

дрмолат
Вид збор: Глагол, несвршен
Силно или грубо тресе некого или нешто.
Албански: shkund, tund
Примери:
Го дрмолеше за раменици.
(се дрмоли) Се бори, се дави со некого.
Албански: kacafytem
Примери:
Се борат и се дрмолат со тој Арапин.

друса повеќе

друсаат
Вид збор: Глагол, несвршен
тресе, ниша
Албански: tund, lëkund
Примери:
Ја носеа и ја друсаа.

заклацка повеќе

Види и: клацка (несв.)
заклацкаат
Вид збор: Глагол, свршен
За течност - заниша, размеша со клацкање во внатрешноста на садот
Албански: tund
Примери:
Тој го заклацка шишето со сок.

заниша повеќе

Види и: ниша (несв.)
занишаат
Вид збор: Глагол, свршен
Придвижи во место, малку залула, затресе.
Албански: lëkundem, tundem
Примери:
Ветрот ги заниша гранките на крушата.
(се заниша) Се придвижи в место, малку се затресе.
Албански: lëkundem
Примери:
Јаболкницата се заниша и од неа падна последниот пожолтен лист.

затресе повеќе

Види и: тресе (несв.)
затресат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да тресе нешто.
Албански: dridhë
Примери:
Затресе слаб земјотрес.
Кусо време тресе, површно, малку.
Албански: dridhë pak
Примери:
Затресе една гранка и сливи испопаѓаа наоколу.
(се затресе) Почне да се тресе.
Албански: dridhë, tund
Примери:
Од силната детонација целата зграда се затресе.

затруса повеќе

затрусаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да труса.
Албански: filloj të tund
Примери:
Затруса коњска кола.
(се затруса) Почне да се труса.
Албански: fillon të tund
Примери:
Се затрусавме во еден стар автобус.

здрмоли повеќе

Види и: дрмоли (несв.)
здрмолат
Вид збор: Глагол, свршен
Одеднаш почне да дрмоли некого или нешто.
Албански: shkund
Примери:
Внучето го здрмоли дедото што беше задремал.

издрмоли повеќе

издрмолат
Вид збор: Глагол, свршен
Силно, грубо затресе целосно.
Примери:
Го издрмоли детето што го фати во дворот како краде.

испердуши повеќе

испердушат
Вид збор: Глагол, свршен
Растури, растргне, растресе нешто или некого.
Албански: shkund
Употреба: Преносно значење
Примери:
Добро го испердушиле крадецот.

истресе повеќе

Види и: тресе (несв.)
истресат
Вид збор: Глагол, свршен
Со тресење исчисти од прав.
Албански: tund
Примери:
Го истресе килимот.
Заниша гранка, дрво, за да паднат сите плодови или лисје.
Албански: tund
Примери:
Се поткрена на прсти и ја истресе гранката.

клацка повеќе

клацкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Тресе, клати сад исполнет cо течност за да се измеша.
Албански: shkund
Примери:
Ќе го клацкаш млекото во шишето за да се растопи шеќерот.
(се клацка) Се клати, се ниша ваму-таму.
Албански: lëkund
Примери:
Цела ноќ се клацкаа со возот.

клумка повеќе

мн. клумкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Тресе, клати сад иcполнет cо течност за да cе измеша.
Албански: tollovis, tund
Примери:
Го клумка шишето cо сок и става во чашите.
ниша, клати
Албански: lëkund, tund
Примери:
Неговата глава клумкаше лево-десно.

клумне повеќе

клумнат
Вид збор: Глагол, свршен
Протресе сад иcполнет cо течност за да се измеша.
Албански: tollovis, tund
Примери:
Шишето треба да се клумне неколкупати за да се раствори шеќерот.

натресе повеќе

натресат
Вид збор: Глагол, свршен
Со тресење дрво, гранки направи да паднат доволно количество плодови (јаболка, сливи и др.).
Албански: shkund

павта повеќе

павтаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Тресе, постелнина, крпи, черги и др.
Албански: shkund

подзатресе повеќе

Види и: затресе (св.)
подзатресат
Вид збор: Глагол, свршен
Затресе, протресе малку, донекаде.
Примери:
Го подзатресе ќебето набрзина и го остави на сонце да се ветрее.
(се подзатресе) Се затресе малку, донекаде.
Примери:
Гранката се подзатресе од ветрот, та паднаа неколку презреани кајсии.
(се подзатресе) Поведе грижа за нешто или за некого.
Примери:
И тој најпосле се подзатресе за децата.

позатресе повеќе

Види и: затресе (св.)
позатресат
Вид збор: Глагол, свршен
Затресе со поголем степен, посилно
Албански: dridh
Примери:
Го позатресе шишенцето со сируп.
(се позатресе) Се затресе во поголем степен, посилно.
Албански: dridh më shumë
Примери:
Зградите се позатресоа.

поистресе повеќе

Види и: истресе (св.)
поистресат
Вид збор: Глагол, свршен
Истресе малку или уште малку.
Примери:
Таа ги поистресе чаршафите.

поклумка повеќе

Види и: клумка (несв.)
поклумкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Клумка малку, кратко време.

поразмрда повеќе

Види и: размрда (св.)
поразмрдаат
Вид збор: Глагол, свршен
Разниша малку, донекаде.
Албански: lëkund
Примери:
Тој го поразмрда дрвото за да падне.

порасклати повеќе

Види и: расклати (св.)
порасклатат
Вид збор: Глагол, свршен
Расклати, разниша малку, донекаде.
Примери:
Ударот му го порасклати забот.

порастресе повеќе

Види и: растресе (св.)
порастресат
Вид збор: Глагол, свршен
Растресе, раздвижи, размрда малку, донекаде.
Албански: shkund
Примери:
Заигра, порастресе снага.
(се порастресе) Се растресе малку, донекаде.
Албански: shkundet, tundet

потресе повеќе

потресат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика силна возбуда; растрои, наруши ред, мир.
Албански: tronditje
Примери:
Востанието ги потресе основите на робовладетелскиот поредок.
Тресе малку, кратко време.
Албански: tund
Примери:
Додека зборуваше, тој ја потресе главата лево-десно.
(се потресе) се растресе
Албански: tund
Примери:
Од тоа целата земја ќе се потресе.

претресе повеќе

претресат
Вид збор: Глагол, свршен
Убаво истресе нешто.
Албански: tund
Примери:
Ја претресов чантата.

протресе повеќе

протресат
Вид збор: Глагол, свршен
Тресе малку, краткотрајно или одвреме навреме.
Албански: dridh, tund
Примери:
Стариот силно го протресе синот за рамениците.

раздрмоли повеќе

Види и: дрмоли (несв.)
раздрмолат
Вид збор: Глагол, свршен
расклати, раздвижи силно
Албански: lëkund
Примери:
Ми го раздрмоли забот.
(се раздрмоли) Се расклати, се раздвижи силно.
Албански: lëkund
Примери:
Куќата се раздрмоли.

раздруса повеќе

Види и: растресе (св.)
(се) раздрусаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) растресе

размрда повеќе

размрдаат
Вид збор: Глагол, свршен
Натера некого да почне да работи, да биде активен.
Албански: trazoj, lëvizë
Употреба: Разговорно
Примери:
Размрдај го веќе, доста му беше.
(се размрда) Почне да работи, да биде активен.
Албански: lëvizë
Употреба: Разговорно
Примери:
Размрдај се, доцна е веќе.

разниша повеќе

Види и: ниша (несв.)
разнишаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се ниша на разни страни.
Примери:
Ветер ги разниша лисјата.

разнишка повеќе

разнишкаат
Вид збор: Глагол, свршен
разниша
Употреба: Деминутив
Примери:
Ветрот ги разнишка суви гранки на дрвјата.

разнишува повеќе

Види и: разниша (св.)
разнишуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
разниша

расклати повеќе

расклатат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослаби, расколеба; за здравје - растрои.
Албански: dobësoj, prish
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ни го расклати уверението.

расклацка повеќе

расклацкаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се расклацка) Почне бргу да се клати, да се ниша.
Примери:
Се расклацкала горе-долу, па нема време за ништо.

растресе повеќе

Види и: тресе (несв.)
растресат
Вид збор: Глагол, свршен
расклати, раздвижи силно
Албански: tund
Примери:
Експлозија ја растресе земјата.
За болест – почне силно да го тресе.
Албански: dridh
Примери:
И друга да го растресе, и таа да не го пушти.
За земја, за почва - при копање издроби, иситни, направи да биде ровка, мека.
Албански: dredh
Примери:
Низ рацете ја растресе земјата.

срази повеќе

сразат
Вид збор: Глагол, свршен
Потресе, порази, нанесе длабока болка.
Албански: mund, ngadhënjej, godas
Употреба: Книжевен збор , Преносно значење
Примери:
Не срази веста за неговата смрт.

стресе повеќе

стресат
Вид збор: Глагол, свршен
затресе, раздрма
Албански: dridhë, tund
Примери:
Ја стресе крушата.
Почувствува треска.
Албански: trondit
Употреба: Безлично
Примери:
Ме стресе од студот.
Направи да се тресе.
Албански: trondit
Примери:
Експлозијата ги стресе околните куќи.
(се стресе) Затрепери од студ, болест, страв итн.
Латински: dridhë
Примери:
Се стресе од страв.

тресе повеќе

тресат
Вид збор: Глагол, несвршен
ниша, дрмоли
Албански: dridh, shkund
Примери:
Тресе сливи, јаболка и сл.
Отстранува прав од нешто.
Албански: shkund
Примери:
Тресе килим.
Трепери како резултат од треска.
Албански: dridh
Употреба: Медицина
Примери:
Треска го тресе.
Со кратките форми за директен предмет на личните заменки.
Албански: më dridh
Употреба: Безлично
Примери:
Ме тресе.
(се тресе) Се ниша.
Албански: dridhet
Примери:
Планината се тресеше.

труска повеќе

трускаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Реско тресе, дрмоли.
Албански: tund
(се труска) Се тресе реско, се дрмоли.
Албански: tundet

труцка повеќе

Види и: труска (несв.)
труцкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Реско тресе, дрмоли.
Албански: tund

чукне повеќе

чукнат
Вид збор: Глагол, свршен
Чука, тресе овошје.
Албански: tund
Примери:
Чукне јаболко, кајсии, цреши.

шлиба повеќе

шлибаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дрма, нагло потегнува.
Албански: dridh, tund