расклати
расклатат; расклатил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 38702
1.
Направи да се клати.
Примери:
Ми го расклати столот.
Му ги расклати сите заби.
Слично со:
разниша (св.)
2.
Ослаби, расколеба; за здравје - растрои.
Примери:
Ни го расклати уверението.
Војната му го расклати здравјето.
3.
(се расклати) Почне да се клати.
Англиски:
wobble
Албански:
lëkund, luhat
Се расклатија веќе и вратите.
4.
(се расклати) Ослаби, попушти; за здравје - се растрои.
Примери:
Се расклати дисциплината.
И нему му се расклатија нервите.
Слично со:
растрои (св.)