shiny - онтологија

блескав повеќе

блескави
Вид збор: Придавка
Што блеска, многу сјаен.
Примери:
Блескав ден.

блескотен повеќе

блескотниот
Вид збор: Придавка
Што е со блескот, што блескоти.
Примери:
Блескотен водопад.

болскав повеќе

болскавиот
Вид збор: Придавка
сјаен
Примери:
болскава месечина

виделен повеќе

виделниот
Вид збор: Придавка
Што е сјаен, светол.
Примери:
Ваква виделна ноќ со месечина одамна немало.

гланц повеќе

Вид збор: Придавка
сјаен, неупотребуван
Германски: ganz
Употреба: Неменлив збор , Разговорно
Примери:
гланц нов

ласкав повеќе

ласкавиот
Вид збор: Придавка
блескав
Примери:
ласкаво сонце

ласкотен повеќе

ласкотниот
Вид збор: Придавка
блескав, светкав
Примери:
Ласкотен меч.

полилејски повеќе

полилејскиот
Вид збор: Придавка
Многу светол, сјаен и впечатлив.
Примери:
полилејско небо

светилен повеќе

светилни
Вид збор: Придавка
Кој свети.
Примери:
Светилен гас.

светкав повеќе

светкави
Вид збор: Придавка
Кој пушта треперава светлина.
Примери:
Во светкавата ноќ.

светлив повеќе

Види и: светкав (прид.)
светливи
Вид збор: Придавка
Што пушта, што произведува светлина.
Примери:
светливи бисери

светол повеќе

светли
Вид збор: Придавка
Добро осветлен, полн со светлина.
Примери:
светла соба

сјаен повеќе

сјајни
Вид збор: Придавка
Што сјае, што дава силна светлина.
Албански: i shkëlqyer, i ndritshëm
Примери:
сјајното сонце

цвителен повеќе

цвителна
Вид збор: Придавка
кој свети, кој светка
Употреба: Народна поезија
Примери:
Зацвилела ми, зацвилела ми / цвителна ѕвезда.

цвитен повеќе

цвитни
Вид збор: Придавка
светол
Употреба: Народна поезија
Примери:
цвитно руво