мн. кошмари
Вид збор: Именка, машки род
Тешко, страшно доживување.
Примери:
Нашиот одмор беше вистински кошмар.
мн. потреси
Вид збор: Именка, машки род
Ненадејно и краткотрајно движење на нешто како последица на силен удар или на експлозија.
Примери:
Пукнатините на куќата се предизвикани од потресите на експлозиите на мините.
Брза, голема промена во некоја сфера од општествениот живот.
Примери:
Општествата во транзиција доживееја големи потреси.
Длабока возбуда, силно вознемирување.
Примери:
Душевни потреси.
мн. шокови
Вид збор: Именка, машки род
Тешко општо растројство на сите функции на организмот.
Албански:
goditje, shok
Употреба:
Медицина
Примери:
психолошки шок