shop - онтологија

дуќан повеќе

мн. дуќани
Вид збор: Именка, машки род
Мала, занаетчиска работилница што служи и како продавница за сопствените производи.
Турски: dükkân Албански: dyqan
Употреба: Економија
Примери:
Стариот кондураџиски дуќан сѐ уште работи.
продавница
Албански: shitore
Употреба: Економија
Примери:
Имаше дуќан со железарија.

искупи повеќе

искупат
Вид збор: Глагол, свршен
Накупи многу нешта.
Албански: blej
Употреба: Економија
Примери:
Ги искупи сите блузи од продавницата.

испазари повеќе

Види и: пазари (св. и несв.)
испазарат
Вид збор: Глагол, свршен
Напазари, накупи многу, полно.
Албански: blej
Употреба: Економија

кооперација повеќе

мн. кооперации
Вид збор: Именка, женски род
селска продавница
Албански: koperativë
Употреба: Економија , Разговорно
Примери:
Се качуваа горе кај онаа стара кооперација, државната селска продавница, за да купат наполитанки.

магаза повеќе

мн. магази
Вид збор: Именка, женски род
продавница, дуќан
Албански: shitore, dyqan
Употреба: Архаизам
Примери:
Купуваше брашно од селската магаза.

магазин повеќе

мн. магазини
Вид збор: Именка, машки род
продавница, дуќан
Албански: dyqan
Употреба: Економија

мануфактура повеќе

мн. мануфактури
Вид збор: Именка, женски род
Продавница за ракотворби.
Албански: shitore manifakture
Употреба: Економија , Разговорно

маркет повеќе

мн. маркети
Вид збор: Именка, машки род
Продавница, обично самопослуга.
Албански: market, shitore
Употреба: Економија
Примери:
минимаркет

накупи повеќе

накупат
Вид збор: Глагол, свршен
Купи доволно, според потребите, или купи многу, големо количество.
Примери:
Отишол в чаршија и накупил се што му треба.

напазари повеќе

напазарат
Вид збор: Глагол, свршен
Накупи доволно или големо количество (обично на пазариште) разни работи.
Албански: blej, pazaris
Употреба: Економија

пазари повеќе

пазарат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Купува различни стоки.
Албански: blej, bëj pazar
Употреба: Економија
Примери:
Отиде да пазари.

пазарува повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
пазари
Албански: bëj pazar
Употреба: Економија , Ретко

продавница повеќе

мн. продавници
Вид збор: Именка, женски род
Просторија каде што се продава стока.
Албански: shitore
Употреба: Економија
Примери:
Маалска продавница.