искупи
искупат; искупил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 19852
1.
Накупи многу нешта.
Примери:
Ги искупи сите блузи од продавницата.
2.
Накупи сѐ што требало да се купи, заврши со купување.
Примери:
Искупија сѐ што требаше за роденденот.
3.
Плати откупнина за нешто.
Примери:
Се советуваа како да ги жртвуваат парите за да ги искупат животите.
4.
Заслужи прошка со нешто за некоја грешка и сл.
Примери:
Ја искупи својата грешка со тоа што ѝ ја призна целата вистина.
5.
(се искупи) Плати за сторени грешки.
Англиски:
pay
Албански:
lajë, paguaj
Не можеше да се искупи за сите свои грешки.
6.
(се искупи) Добие прочистување на гревот, се избави од грев.
Изведенки
1.
искупува несв.
(се) искупуваат
(се) искупуваат
2.
искупување ср.
глаг. им.
глаг. им.