shower - онтологија

засипе повеќе

засипат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде, испрати некому нешто во големо количество.
Албански: dorëzoj
Примери:
Тој ја засипа девојката со злато.

затрупа повеќе

Види и: трупа (несв.)
затрупаат
Вид збор: Глагол, свршен
Опсипе со нешто.
Албански: breshëroj, mbuloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Новинарите го затрупаа министерот со прашања.

истушира повеќе

Види и: тушира (св. и несв.)
(се) истушираат
Вид збор: Глагол, свршен
тушира
Примери:
Се истушира набрзина и веднаш излезе.

окапе повеќе

окапат
Вид збор: Глагол, свршен
Наврне многу, облее со вода некого или нешто.
Албански: dush
Примери:
Земи си чадор, дождот ќе те окапе.

опсипе повеќе

опсипат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие, посипе некаква површина со нешто; покрие, посипе некого или нешто од сите страни.
Албански: kaploj, mbuloj
Примери:
Виулицата ми го опсипа лицето со снегулки.

тушира повеќе

тушираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Капе со туш.
Германски: duschen Албански: bëj dush
(се тушира) Се капе под туш.
Албански: bëj dush
Примери:
се туширав со студена вода.