а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

окапе

окапат; окапи, окапете; окапаа; окапал, окапан; окапев, окапеа; окапел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 17424
1. искапе, избања
Англиски: bathe Албански: dush
Примери:
Таа ги окапе децата и ги легна да спијат.
2. Наврне многу, облее со вода некого или нешто.
Англиски: shower Албански: dush
Примери:
Земи си чадор, дождот ќе те окапе.
Не си ги навадил, туку си ги окапал цвеќињата.
3. (се окапе) се искапе
Англиски: bathe Албански: dush
Примери:
Се окапе за да се освежи.
4. (се окапе) Се облеа со вода.
Англиски: splash Албански: spërkat
Примери:
Внимавај на бокалот, ќе се окапеш.
5. изгние, скапе, пропадне
Англиски: rot Албански: kalbet
Примери:
Јаболката окапаа.
Окапа в затвор.
6. се измачи
Англиски: fret Албански: mundoj
Примери:
Окапа од работа.
7. За лисје, цвеќиња, влакна - падне.
Англиски: shed Албански: bie
Примери:
Каква коса имаше, му окапа.
Зимата дојде, лисјата окапаа.
Изведенки
1. окапува несв.
окапуваат
2. окапување ср.
глаг. им.