безвучни
Вид збор: Придавка
Безгласен, бесшумен, тивок.
Примери:
Безвучен мир.
неми
Вид збор: Придавка
Што не е изразен со зборови, гласно.
Примери:
Нема љубов.
тивок, бесшумен
Примери:
Нем филм.
неразговорливиот
Вид збор: Придавка
Што не сака многу да говори, да зборува.
нечуениот
Вид збор: Придавка
Што не се cлуша или што тешко, одвај може да се чуе.
Примери:
Нечуен глас.
празни
Вид збор: Придавка
Што е без знаци на живот, што е неподвижен.
Примери:
празен простор
тивки
Вид збор: Придавка
Бесшумен или скоро бесшумен; исполнет со тишина.
Примери:
тивка роса
Што е без врева, без поголемо и шумно движење.
Примери:
тивка улица