безгласен
безгласни
Вид збор: Придавка
Ранг: 7441
1.
Што е без глас, без шум.
Англиски:
soundless
Безгласните волци со скокови се ближеа до трлото.
Безгласен револвер.
Безгласен ветер.
2.
Што не испушта глас, што молчешкум трпи, поднесува нешто.
Англиски:
soundless
Нејзината мудрост беше во молкот, остана безгласна.
Безгласен плач.
Безгласна тажачка.
Изрази
Безгласна буква - човек без значење, човек што не го сметаат за важен.
Изведенки
безгласност ж.