sin - онтологија

грев повеќе

мн. гревови
Вид збор: Именка, машки род
Постапка со која се кршат верските правила, божјите заповеди.
Српски: грех Албански: mëkat Бугарски: грях Грчки: αμαρτία
Употреба: Религија
Примери:
смртен грев
Неправилна, лоша постапка; прекршување на моралните норми.
Албански: mëkat, gjynah
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нема поголем грев од тоа да ја предадеш татковината.

гревота повеќе

мн. гревоти
Вид збор: Именка, женски род
грев
Албански: mëkat
Примери:
Гревота е во недела и на празник да се работи.

грешавачка повеќе

мн. грешавачки
Вид збор: Именка, женски род
Правење голем грев.
Албански: gabim i madh, mëkat
Употреба: Религија
Примери:
Голема грешавачка направи, нема прошка.

греши повеќе

грешат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави грев.
Албански: gaboj, mëkatoj
Употреба: Религија
Примери:
И пред бога греши.

огреши повеќе

огрешат
Вид збор: Глагол, свршен
Натера некого да направи грев, да згреши.
Албански: mëkatoj
Примери:
Тие се обидоа да го огрешат младиот калуѓер.
(се огреши) Направи грев, згреши.
Албански: mëkatoj, bëj gjynah
Примери:
Тој се огреши спрема мене.

прегрешение повеќе

мн. прегрешенија
Вид збор: Именка, среден род
Правење грев, прекршување на божјите заповеди.
Примери:
Во разни прегрешенија мудроста нѐ збудалува.

прегреши повеќе

прегрешат
Вид збор: Глагол, свршен
Стори грев, направи прегрешение.
Употреба: Црковен термин
Примери:
Што толку ти прегрешив, Господи, та ме награди со таква казна.