sin - онтологија

грев повеќе

мн. гревови
Вид збор: Именка, машки род
Постапка со која се кршат верските правила, божјите заповеди.
Српски: грех Албански: mëkat Бугарски: грях Грчки: αμαρτία
Употреба: Религија
Примери:
смртен грев
Неправилна, лоша постапка; прекршување на моралните норми.
Албански: mëkat, gjynah
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нема поголем грев од тоа да ја предадеш татковината.

гревота повеќе

мн. гревоти
Вид збор: Именка, женски род
грев
Албански: mëkat
Примери:
Гревота е во недела и на празник да се работи.

грешавачка повеќе

мн. грешавачки
Вид збор: Именка, женски род
Правење голем грев.
Албански: gabim i madh, mëkat
Употреба: Религија
Примери:
Голема грешавачка направи, нема прошка.

прегрешение повеќе

мн. прегрешенија
Вид збор: Именка, среден род
Правење грев, прекршување на божјите заповеди.
Примери:
Во разни прегрешенија мудроста нѐ збудалува.