single - онтологија

бессемеен повеќе

бессемејниот
Вид збор: Придавка
Што е без семејство.
Примери:
бессемеен човек

единец повеќе

мн. единци
Вид збор: Именка, машки род
сам, осамен
Албански: i vetëm, njësh

единичен повеќе

единичниот
Вид збор: Придавка
Одделен, индивидуален, изолиран, единствен, само по еден примерок.
Примери:
Единичен случај.

немачка повеќе

мн. немачки
Вид збор: Именка, женски род
Нема жена.
Албански: i vetëm, singël

пенушка повеќе

мн. пенушки
Вид збор: Именка, женски род
Осамена жена, самица.
Албански: grua e vetmuar, singël
Употреба: Преносно значење , Разговорно

поединечен повеќе

поединечната
Вид збор: Придавка
Единечен, единичен, одделен, земен одделно.
Примери:
Поединечен случај.

самак повеќе

Види и: самец (м.)
мн. самаци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што живее сам.

самец повеќе

мн. самци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што живее сам.
Примери:
Соби за самци.

самица повеќе

мн. самици
Вид збор: Именка, женски род
За жена самец.
Албански: e singël
Примери:
Кај нив живееше една самица.

самка повеќе

Види и: самица (ж.)
мн. самки
Вид збор: Именка, женски род
самица

самоглавник повеќе

мн. самоглавници
Вид збор: Именка, машки род
Човек што останал наполно сам, без жена и деца.
Употреба: Општество

самоглавница повеќе

Види и: самоглавник (м.)
мн. самоглавници
Вид збор: Именка, женски род
жена самоглавник

самокуќник повеќе

мн. самокуќници
Вид збор: Именка, машки род
Човек што останал сам, без жена и деца.
Употреба: Општество

самокуќница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
За жена самокуќник.

сингл повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Во тенис и пинг-понг - игра во која настапува само по еден натпреварувач од обете страни.
Употреба: Спорт
Примери:
Нашата репрезентација поведе по игрите во сингл.
(мн. синглови, из. мн. сингла и сингл-плоча мн. сингл-плочи ж.) Мала грамофонска плоча со една до две композиции.
Употреба: Музика и танц

тек повеќе

Вид збор: Придавка
еден, единствен
Употреба: Архаизам
Примери:
Проживеаја четириесет години, тек лаф не си рекоа настрана.