бедат
Вид збор: Глагол, несвршен
обвинува, клевети
Примери:
Тој ги бедеше луѓето дека му украле нешто.
валкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зборува лошо, невистини за некого, озборува, клевети.
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да биде оцрнет, зборува, направи за некого да се мисли лошо, наклевети.
Примери:
Извалкан образ, извалкано име
клеветат
Вид збор: Глагол, несвршен
Измислува и шири клевети.
Примери:
Tој неколкупати го клеветеше кај старешините.
клепаат
Вид збор: Глагол, несвршен
кодошат
Вид збор: Глагол, несвршен
клевети, поткажува
Примери:
Постојано ги кодошеше кај наставниците.
набедат
Вид збор: Глагол, свршен
Неправедно обвини, наклевети.
Примери:
Го набедија дека ги предал.
наклеветат
Вид збор: Глагол, свршен
Искаже клевета, набеди некого.
наклепаат
Вид збор: Глагол, свршен
Наклевети, набеди некого.
накодошат
Вид збор: Глагол, свршен
(се накодоши) (само мн.) Се поткажува взаемно пред некого.
Примери:
Се накодошија еден со друг.
озлогласат
Вид збор: Глагол, свршен
Пушти лош глас за некого или за нешто.
Примери:
Написите во весниците ја озлогласија фирмата.
окалат
Вид збор: Глагол, свршен
Пушти лош глас, создаде лошо име за некого; посрами, оцрни некого.
Примери:
Се правеше само за да го окали пред роднините.
Вид збор: Глагол, несвршен
озборува
Албански:
përflas, përfol, shpif
Примери:
Сите ја прекажуваа заради нејзината мрзливост.