sneak - онтологија

вража повеќе

вражаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мрда, се движи.
Албански: lëviz
Употреба: Преносно значење
Примери:
Детето по цел ден вражаше низ дворот.

измушне повеќе

(се) измушнат
Вид збор: Глагол, свршен
Крадешкум се провлече, се извлече од негде, помине негде.
Примери:
Се измушна пополека од собата.

искраде повеќе

искрадат
Вид збор: Глагол, свршен
(се искраде) Скришно отиде од негде.
Албански: përvidhem
Примери:
Тој се искраде од дома и отиде на игранка.

искрадне повеќе

Види и: искраде (св.)
(се) искраднат
Вид збор: Глагол, свршен
се искраде

испровре повеќе

испроврат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испровре)
Албански: përvidhem
Примери:
Се испровреа низ вратата додека никој не гледаше.

краде повеќе

крадат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се краде) Оди, излегува без дозвола, кришум.
Албански: msheftaz
Примери:
Момчето се крадеше од интернатот.

лази повеќе

лазат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се влече, се движи без брзање.
Албански: zvarritet vjedhurazi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Автомобилот пред нас лазеше, а нам ни се брзаше.

пипа повеќе

пипаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(разг.) краде, пофаќа
Албански: vjedh
Употреба: Разговорно
Примери:
Му пипа раката.

поткрадне повеќе

поткрадне
Вид збор: Глагол, свршен
(се поткрадне) Се приближи, се вовре скришно, потајно.
Албански: përvidhem
Примери:
Тие тивко се поткраднаа до куќата.
(се поткрадне) Направи, не забележи грешка од невнимание.
Албански: përvidhet
Примери:
Во текстот ми се поткраднале неколку грешки.

прикраде повеќе

(се) прикрадат
Вид збор: Глагол, свршен
Се приближи, дојде, влезе кришкум, потајно, незабележано.
Примери:
Се прикрадов до кујната, пазејќи да не зачкрта кваката.

развража повеќе

(се) развражат
Вид збор: Глагол, свршен
Се разотиде вражајќи, лазејќи, влечкајќи се.
Примери:
Било многу рано, уште не беа развражале куќните луѓе.

чепи повеќе

(се) чепат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се чепи) се извлекува, искрадува
Примери:
Дали ќе се согласи тој да ја изврши оваа задача или пак ќе почне да се чепи.