sniff - онтологија

души повеќе

душат
Вид збор: Глагол, несвршен
За животно (обично пес) - мириса нешто.
Албански: nuhat
Примери:
Шарениот коњ ги душеше своите нови пријатели.
(се души, само мн.) се мириса
Албански: nuhaten
Примери:
Кучињата се душеа едно со друго.

душка повеќе

Види и: души (несв.)
душкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Со куси, брзи движења души, мириса, бара нешто.
Албански: nuhat
Употреба: Деминутив
Примери:
Говедата ја душкаа тревата.

задуши повеќе

задушат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да души.
Албански: gërhas
Примери:
Кучето задуши низ грмушките.

задушка повеќе

задушкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да душка, да мириса, да бара нешто.
Употреба: Деминутив
Примери:
Кучињата задушкаа низ шумата.

зашмрка повеќе

Види и: шмрка (несв.)
зашмркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да шмрка - со нос.
Албански: nuhat
Примери:
Таа зашмрка и заплака.

здуши повеќе

здушат
Вид збор: Глагол, свршен
(се здуши) За животни - почувствува мирис, здив на животно од друго стадо со цел да се здружат.
Албански: bashkoj, miqësohem
Примери:
Се здушиле кучето и мачето.

ишмрка повеќе

Види и: шмрка (несв.)
ишмркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Шмркне силно или повеќепати.
Примери:
Го ишмрка кафето на двапати.

надуши повеќе

надушат
Вид збор: Глагол, свршен
Осети со душење, по мирисот, душејќи пронајде нешто.
Примери:
Мачката оддалеку ги надуши рибите.

подзамириса повеќе

подзамирисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне малку да вдишува мирис.

подуши повеќе

подушат
Вид збор: Глагол, свршен
Со мирисање испита, открие нешто.
Албански: merr erë
Примери:
Кучето го подуши дрвото.
Мириса кратко време.
Албански: merr erë
Примери:
Мечката го подушила онесвестениот човек и си заминала.
(се подуши) Се мирисаат заемно, еден со друг.
Албански: merr erë
Примери:
Кучињата првин ќе се подушат.

подушка повеќе

Види и: подуши (св.)
подушкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Душка некое време.
Примери:
Кучето го подушка јадењето пред да почне да го јаде.

пошмрка повеќе

пошмркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Шмрка малку, кратко време.

смрка повеќе

Види и: шмрка (несв.)
смркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
шмрка
Употреба: Дијалектен збор

смркне повеќе

смркнат
Вид збор: Глагол, свршен
шмркне
Албански: nuhas
Употреба: Дијалектен збор

усети повеќе

усетат
Вид збор: Глагол, свршен
надуши
Албански: gërhas
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој прв усети.

усетува повеќе

Види и: усети (св.)
усетуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
надушува
Албански: gërhas
Употреба: Преносно значење

шмрк повеќе

Вид збор: Извик
За подражавање звук при шмркање.

шмрк повеќе

мн. шмркови
Вид збор: Именка, машки род
Количество течност или прав што се внесува преку носот со силно вдишување.
Примери:
шмрк бел прав

шмрка повеќе

шмркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Вовлекува со носот.
Албански: nuhat
Примери:
Само шмрка, настинал.

шмркнува повеќе

Види и: шмркне (св.)
шмркнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
шмркне