мириса
мирисаат; мирисал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1287
1.
Испушта мирис.
Цвеќињата мирисаат.
3.
Се чувствува мирис на нешто.
Примери:
Во собата мирисаше на босилек.
Изрази
Ни лук јал, ни на лук мирисал - се вели за тој што се прави или што треба да се направи дека ништо не знае.
Не ми мириса на добро - претчувство дека некоја работа нема добро да заврши.
Не се мирисаат еден со друг - не се поднесуваат.
Мириса на барут - се чувствува воена опасност.
Некој мириса на млеко - уште е многу млад.
Некој мириса на земја - многу е болен, е на умирање.
Изведенки
мирисање ср.
глаг. им.
Израз: Не е цвеќе за мирисање - човек со лош карактер.
глаг. им.
Израз: Не е цвеќе за мирисање - човек со лош карактер.