soften - онтологија

мекнее повеќе

мекнеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Станува мек, омекнува.

облагне повеќе

облагнат
Вид збор: Глагол, свршен
За времето - се затопли.
Албански: zbutet, ngrohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Денеска облагнало, снегот се топи.

омекне повеќе

омекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде меко или помеко.
Албански: zbus
Примери:
Тој крем ми ја омекна кожата.
Направи некого да биде мек, кроток, попустлив; одоброволи некого.
Албански: zbus
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нејзините зборови и солзи го омекнаа.
Стане мек или помек.
Албански: zbus
Примери:
Белки земјата ќе омекне, та да можат да ги изораат нивјето.
Стане поблаг, кроток, попустлив.
Албански: zbus
Употреба: Преносно значење
Примери:
Потоа сепак стариот омекна и почна да ги распрашува за родното место.

поомекне повеќе

Види и: омекне (св.)
поомекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Омекне малку, донекаде.

попушти повеќе

попуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане помалку крут.
Албански: zbutet
Примери:
Мораше да ги разгази чевлите за да попуштат.
Намали во интензитет, во силина.
Албански: zbutet
Примери:
Вечерта запурнината попушти.

поразмекне повеќе

Види и: размекне (св.)
поразмекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Размекне, омекне малку, во некоја мера.
Албански: zbus pak
Примери:
Дождовите ја поразмекнаа земјата.
Направи некого да стане помек, поблаг, попопустлив.
Албански: zbus
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нејзините солзи го поразмекнаа.
(се поразмекне) Стане помек или попопустлив.
Албански: zbut, bëhet më i butë

размекне повеќе

размекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане меко, да омекне.
Примери:
Врнежите ја размекнаа земјата.
Воздејствува врз некого да стане душевно мек, попустлив.
Употреба: Разговорно
Примери:
Музиката му ја размекна душата.
(се размекна) Стане мек.
Примери:
Асфалтот се размекнал од сонцето.
Стане душевно мек, попустлив.
Употреба: Разговорно
Примери:
Тогаш и тој се размекна.

разнежи повеќе

разнежат
Вид збор: Глагол, свршен
(се разнежи) Се привикне на нежност, удопство, комфор.
Албански: lazdëroj, bën të ndijshëm
Примери:
И ти многу си се разнежил.

раскашави повеќе

раскашават
Вид збор: Глагол, свршен
(се раскашави) За време - омекне.
Албански: zbus
Примери:
Денеска се раскашави времево.

смекне повеќе

смекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи помек, поеластичен.
Албански: zbutë
Примери:
Кремот ќе ја смекне кожата.
Направи помалку суров, строг.
Албански: pagdhendur
Примери:
Му го смекна срцето.
Направи помек, попријатен за очи, уши.
Албански: zbutë
Примери:
Смекне светлина.
(се смекне) Стане помек, поеластичен, загуби тврдост.
Албански: zbut
Примери:
Се смекна кожата.
(се смекне) Стане помалку суров, строг.
Албански: zbut
Примери:
Срцето ќе му се смекне.
(се смекне) Стане помек, попријатен за очи, уши.
Албански: zbut
Примери:
Ќе се смекне звукот.