разнежи
разнежат; разнежил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 16415
1.
Научи на нежност, на удопство, комфор.
Англиски:
spoil
Албански:
lazdëroj, bën të ndijshëm
Многу сте ги разнежиле децава.
Слично со:
разгали (св.)
2.
трогне, расчувствува
Англиски:
touch
Албански:
prek, mallëngjej
Песната многу ме разнежи.
Слично со:
трогне (св.)
3.
(се разнежи) Се привикне на нежност, удопство, комфор.
Англиски:
soften
Албански:
lazdëroj, bën të ndijshëm
И ти многу си се разнежил.
4.
(се разнежи) се трогне, се расчувствува
Англиски:
become sentimental
Албански:
prekem, bëhem sentimental
Стариот се разнежи и фати да плаче.