spasm - онтологија

грч повеќе

мн. грчеви
Вид збор: Именка, машки род
Силно и болно стегање на мускул или група мускули.
Албански: ngërç, shtangim
Употреба: Медицина
Примери:
Додека пливаше, го фати грч на ногата и едвај доплива до брегот.
Болка, тага, страв, исчекување.
Албански: ngërç, pritje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Цела година ја помина во грч додека го чекаше да се врати синот од војска.

спазма повеќе

мн. спазми
Вид збор: Именка, женски род
Стегање на мускул.
Употреба: Медицина
Примери:
Спазми му го стегаа грлото. Не можеше да голта.

фрас повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Грч што настанува од страв, особено кај мали деца.
Албански: spazëm, shtangim nga frika
Употреба: Медицина