а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

грч

мн. грчеви
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2640
1. Силно и болно стегање на мускул или група мускули.
Англиски: spasm Албански: ngërç, shtangim
Употреба: Медицина
Примери:
Додека пливаше, го фати грч на ногата и едвај доплива до брегот.
2. Болка, тага, страв, исчекување.
Англиски: spasm Албански: ngërç, pritje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Цела година ја помина во грч додека го чекаше да се врати синот од војска.