брбешкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Валка, прави да биде нечисто.
Примери:
Децата ги брбешкаат алиштата.
дамкосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи дамка на нешто, извалка.
Примери:
Си ја дамкосал кошулата.
довалкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка до крај, потполно, сосем извалка.
Албански:
përlyej, njollos
Примери:
Тој ги довалка панталоните работејќи нешто околу автомобилот.
(се довалка) Се извалка до крај.
Албански:
përlyej, njollos
Вид збор: Глагол, свршен
Валка до крај нешто извалкано.
Примери:
Помина еден автомобил и ми ги доизвалка панталоните.
Вид збор: Глагол, свршен
Капе сосема нешто веќе накапано.
Примери:
Го доискапав фустанот со сок од малини.
(се доискапе) Се искапе сосема.
Примери:
Се доискапав со праската што ми ја даде.
закашкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Извалка нешто.
Албански:
përlyn, njollos
Примери:
Ножот беше закашкан од масата.
(се закашка) се извалка
Албански:
përlyhet, njolloset
Примери:
Детето се закашка во водата.
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка нешто, направи да биде многу нечисто.
Албански:
njollos, përlyej
Примери:
Децата ги избрбешкаа рацете во калта.
(се избрбешка) се извалка
Албански:
njollos, përlyej
Примери:
Тој се избрбешка целиот газејќи во калта.
Вид збор: Глагол, свршен
(се измачка) се извалка
Примери:
Децата се измачкале играјќи со кал.
Вид збор: Глагол, свршен
(се изнакапе) се извалка
Примери:
Се изнакапа чорба по блузата.
искапат
Вид збор: Глагол, свршен
Накапе, извалка со повеќе капки (облека).
Примери:
Си ги искапа панталоните со восок.
(се искапе) се накапе
Примери:
Полека, да не се искапиш.
искашкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка со нешто течно, кашесто.
Примери:
Ги искашка чевлите во кал.
(се искашка) се извалка
Примери:
Се искашка целиот со манџата.
испоганат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде погано.
Примери:
Ја испогани облеката.
исфлекаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи флеки на нешто.
Примери:
Го истури кафето и го исфлека чаршафот.
Вид збор: Глагол, свршен
Измачка со нешто, извалка нешто.
Примери:
Ја исшлака блузата со боја.
(се исшлака) се извалка
Примери:
Целиот се исшлака со боја.
кашкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се кашка) се валка
Примери:
Многу се кашкаше, ајде сега во када!
маслосаат
Вид збор: Глагол, свршен
извалка, замасти
Примери:
Панталоните цели ги маслоса.
(се маслоса) се замасти
Примери:
Го поправаше камионот и цел се маслоса.
Вид збор: Глагол, несвршен
замастува
Албански:
njollosem me yndyrë
Примери:
Кога работи во работилницата, секогаш се маслосува.
Вид збор: Глагол, несвршен
потопува, валка
Примери:
Детето ја мацаше блузата во супата.
мрчкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Валка, прави да биде нешто валкано, нечисто.
(се мрчка) се валка
Примери:
Се мрчка во калта.
Вид збор: Глагол, несвршен
Валка, прави да биде нешто валкано, нечисто.
(се мрџгали) се валка
Примери:
Се мрџгали во калта.
навалкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка малку, на некое место.
Примери:
Го навалка килимот со чевлите.
(се навалка) Се извалка малку, на некое место.
Примери:
Си се навалкал на ракавот.
накапат
Вид збор: Глагол, свршен
Со капки изводени, извалка, оштети нешто.
Примери:
Ја накапал кошулата.
(се накапе) Се искапе со капки.
Примери:
Полека, да не се накапеш.
нафлекаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи флека, извалка со флека.
Примери:
Ја нафлекал новата кошула.
(се нафлека) Се извалка со флека.
нацрват
Вид збор: Глагол, свршен
Намачка, извалка со црвено (боја, вино).
Примери:
Си ја нацрвил кошулата со црвено мастило.
(се нацрви) Се намачка, се извалка со нешто црвено.
обацаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка нешто.
Примери:
Тој ги обацал рацете.
(се обаца) се извалка
Примери:
Детето се обаца во калта.
обрндават
Вид збор: Глагол, свршен
(се обрндави) Се извалка, стане нечист.
Албански:
njollosem, fliqem
Примери:
Децата се обрндавија во калта.
окалат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка со кал.
Примери:
Ги окали чевлите одејќи низ тревата.
окашкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка нешто со нешто течно, кашесто и сл.
Примери:
Го окашка фустанчето.
(се окашка) се извалка, се избербати
Примери:
Се окашка од вишните.
омацаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка, измачка со нешто.
Примери:
Ги омаца ракавите во чинијата.
(се омаца) Се извалка, се измачка со нешто.
оплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се оплеска) Се извалка, стане нечист.
Албански:
përlyhem, njollosem
Примери:
Целиот се оплеска во калта.
оцапаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка нешто (на пример со кал).
Примери:
Ги оцапа босите нозе.
(се оцапа) се извалка
Албански:
njollos, përlyej
Примери:
Целиот се оцапа.
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка, испрска со нечистотија.
Примери:
Тој го ошлака палтото.
(се ошлака) Се извалка, стане нечист.
Албански:
përlyhet, zhytet
Примери:
Се ошлака со кал.
погнасат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка, направи нешто да биде нечисто, неубаво.
Примери:
Ја погнаси целата кујна.
Вид збор: Глагол, свршен
Изнавалка многу, во голема мера; изнавалка насекаде.
Примери:
Тој ја поизнавалка кошулата.
(се поизнавалка) Се изнавалка многу, во голема мера.
Примери:
Тој се поизнавалка.
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка со капки, накапе, искапе на повеќе места.
Примери:
Таа ми го искапа свилениот фустан.
(се покапе) Се накапе, се извалка со капење.
Примери:
Таа се покапе со црвено вино.
Вид збор: Глагол, свршен
Кашка, валка во кал малку, кратко време.
Примери:
Детето ги покашка чевлите.
(се покашка) се валка
Примери:
Децата се покашкаа.
Вид збор: Глагол, свршен
(се поомака) Се омака, се омаца малку.
Вид збор: Глагол, свршен
Остави траги, валканици од стапки по нешто.
Албански:
njollos, lë gjurmë
(се расцапа) Почне да цапа.
скашкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто нечисто, извалка.
Примери:
Ги скашка панталоните.