stir - онтологија

борави повеќе

борават
Вид збор: Глагол, несвршен
Меша, обично храна при приготвување.
Албански: përziej
Употреба: Дијалектен збор , Гастрономија
Примери:
Жената ги борави тепсиите ориз да не заварат.

брка повеќе

бркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
меша, буричка, размешува
Албански: përziej
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Стариот го бркаше качамакот со едно сукало.

буричка повеќе

буричкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Меша нешто.
Албански: përziej, llokoçisë
Примери:
Домаќинката го буричка бакрданикот над огнот.
(се буричка) се меша, се испревртува
Албански: përzihet, kërkohet
Примери:
Во шеметна брзина се буричкаше во неговата глава несредено шумен свет од викотници.

дозамеша повеќе

Види и: замеша (св.)
дозамешаат
Вид збор: Глагол, свршен
Замеша нешто сосема, до крај.
Албански: përziej deri në fund

замати повеќе

заматат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи, приготви нешто со матење.
Албански: llokoçis
Примери:
Таа набрзина замати една торта и ја испече.

заматка повеќе

Види и: матка (несв.)
заматкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи, приготви нешто со маткање.
Албански: rrej
Примери:
Тој заматка неколку јајца со виљушката и ги испржи.

засегне повеќе

засегнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се засегне) Се навреди, се вознемири од нешто.
Албански: prekem
Примери:
Тој се засегна од нејзината постапка.

измати повеќе

Види и: мати (несв.)
изматат
Вид збор: Глагол, свршен
мати
Примери:
Потоа изматете ги јајцата и измешајте ги со слатка павлака.

мати повеќе

матат
Вид збор: Глагол, несвршен
меша
Албански: përzien
Примери:
Жената ги матеше јајцата.

матка повеќе

маткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
мати

матне повеќе

матнат
Вид збор: Глагол, свршен
мати

меша повеќе

мешаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Движи некаков предмет (лажица, мешалка) низ некоја материја.
Албански: përziej
Примери:
Цели два часа го мешаа ајварот за да не загори.

муцне повеќе

муцнат
Вид збор: Глагол, свршен
промрмори, прозбори
Албански: filloj të murmurit
Примери:
Hи збор повеќе да не си муцнал.
Произнесе извик со cтегање на усните и повлекување на воздухот на внатре, слично на извикот муц.
Албански: llokoçit

помати повеќе

поматат
Вид збор: Глагол, свршен
Мати малку, некое време.
Албански: llokoçis
Примери:
Помати ги јајцата и шеќерот уште малку.

поразмати повеќе

Види и: размати (св.)
поразматат
Вид збор: Глагол, свршен
Размати, раствори малку, во некоја мера.
Примери:
Бојата ја поразмати со вода.

претне повеќе

претнат
Вид збор: Глагол, свршен
Мрдне малку, направи брзи и кратки движења со телото (со рацете и нозете).
Примери:
Никој не смееше ни да претне на часот.

промеша повеќе

промешаат
Вид збор: Глагол, свршен
Меша малку, кратко време.
Примери:
Ја промеша манџата да не загори.

разбрани повеќе

разбранат
Вид збор: Глагол, свршен
вознемири, возбуди
Албански: trazoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Никаков одговор нема да го разбрани.
(се разбрани) се вознемири, се возбуди
Албански: shqetësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Душата ѝ се разбрани.

разбранува повеќе

Види и: разбрани (св.)
разбрануваат
Вид збор: Глагол, несвршен
вознемири, обеспокои, возбуди
Албански: shqetësoj, trazoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа вест многу го разбранува.
(се разбранува) се вознемири, се обеспокои, се возбуди
Албански: trazoj, shqetsoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Душата ми се разбранува.

разигра повеќе

разиграат
Вид збор: Глагол, свршен
Натера некого многу да игра; за коњ - натера да скока со ситни чекори.
Албански: luaj, vallëzoj me hov
Примери:
Толку убаво свирел што сите ги разиграл.

размати повеќе

разматат
Вид збор: Глагол, свршен
Измеша и разреди нешто, раствори.
Примери:
Прво размати ја бојата, па потоа мачкај.

разматува повеќе

Види и: размати (св.)
разматуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
размати

трога повеќе

трогаат
Вид збор: Глагол, несвршен
буди чувства, возбудува
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Ни ги трога срцата.

трогнува повеќе

Види и: трогне (св.)
трогнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
трогне