а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заматка

заматкаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи, приготви нешто со маткање.
Англиски: stir Албански: rrej
Примери:
Тој заматка неколку јајца со виљушката и ги испржи.
2. Задржи, завртка некого (во разговор).
Англиски: cheat Албански: vonoj
Примери:
Таа го заматка стражарот со своите прашања.
3. Почне да лаже.
Англиски: lie Албански: gënjen
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ја заматка со однапред смислени зборови.
4. (се заматка) Се задржи, се завртка (во разговор).
Англиски: hold up Албански: vonoj
Примери:
Се заматкавме со раскажување вицеви.
5. (се заматка) Почне да се мотка, да се вртка без потреба.
Албански: endet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се заматка низ куќата.
Изведенки
заматкува несв.
(се) заматкуваат