stitch - онтологија

бод повеќе

мн. бодови
Вид збор: Именка, машки род
Убод со игла или со друг шилест предмет.
Албански: shpim
Примери:
Еден бод во прстот и се појави црвена капка крв.
Техника на везење, на шиење.
Албански: shpim
Примери:
Украсен бод.

гужва повеќе

мн. гужви
Вид збор: Именка, женски род
Котелец, јамка на иглите за плетење.
Албански: syth
Примери:
Се наденуваат 60 гужви.

дупи повеќе

дупат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи со игла.
Албански: thur
Употреба: Разговорно
Примери:
Везден дупи со иглата.

котелец повеќе

мн. котелци
Вид збор: Именка, машки род
Јамка при плетење и јамка на плетен предмет.
Примери:
Се испуштил котелец од фанелата.

секне повеќе

секнат
Вид збор: Глагол, свршен
жегне
Албански: më therr
Употреба: Медицина , Преносно значење
Примери:
Понекогаш ќе ме секне во рамото.

шие повеќе

шијат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прикрпува, соединува нешто со помош на игла и конец.
Албански: arnoj
Примери:
Шие петлица (копче).