stroll - онтологија

заклинка повеќе

заклинкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почна да се влечка, да се шанта.
Албански: shëtis
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој заклинка полека накај вратата.

заоди повеќе

Види и: оди (несв.)
заодат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да скита.
Албански: filloj të endet
Примери:
Тој заоди низ туѓи земји и назад не се врати.

заснове повеќе

засноват
Вид збор: Глагол, свршен
(се заснове) Почне да разодува, да се мота некаде.
Албански: ecë
Примери:
Тој се заснова низ дворот.

зашетка повеќе

зашеткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да шетка.
Примери:
Зашетка низ дворот разгледувајќи ги цвеќињата.

мае повеќе

маат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се мае) Бесполезно губи време.
Албански: endet
Примери:
Се маеше низ дома без да фати некоја работа.

метка повеќе

меткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се метка) Се движи натаму-наваму, се мотка.
Албански: sillem andej-këndej
Примери:
Цел ден се меткаше по болници.

поврти повеќе

Види и: врти (несв.)
повртат
Вид збор: Глагол, свршен
(се поврти) Се задржи (бесцелно), се позанимава малку, кратко време.
Албански: shëtis, bredh
Примери:
Се поврти малку и си отиде.

повртка повеќе

поврткаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се повртка) Се задржи (бесцелно) малку, кратко време.
Албански: bredh, shëtis
Примери:
Се поврткав додека се отворија дуќаните.

поматка повеќе

поматкаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се поматка) Се матка, бесцелно оди ваму-таму.
Албански: ec lart posht
Примери:
Се поматка по дуќаните, колку да му мине времето.

џгура повеќе

џгураат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди без пат, не гледајќи каде и како, скита, се влече.
Употреба: Разговорно
Примери:
Џгура по темницата.

шета повеќе

шетаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди, разодува наваму-натаму.
Албански: shëtis
Примери:
Ние седевме, а тој шеташе низ дворот.

шлае повеќе

(се) шлајат
Вид збор: Глагол, несвршен
Не прави ништо, се шета бесцелно.
Употреба: Жаргонски збор
Примери:
Ноќе се шлаел со нечујност на сенка меѓу сенки без да знае каде оди и зошто.

шутка повеќе

(се) шуткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се шутка) Се движи без некоја определена цел или план.
Примери:
Се шутка низ куќата.

шушурка повеќе

(се) шушуркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
се шутка
Примери:
Се шушурка низ улиците.