а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

шета

шетаат; шетав; шетал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 818
1. Прави прошетка, оди, се движи со цел за одмор, разонода и сл.
Англиски: walk Албански: shëtis
Примери:
Секоја вечер шетаа во паркот.
Шета на чист воздух.
2. Оди, разодува наваму-натаму.
Англиски: stroll Албански: shëtis
Примери:
Ние седевме, а тој шеташе низ дворот.
Волкот шеташе низ шумата.
3. Оди, разодува, талка по разни места, од едно место на друго.
Англиски: visit Албански: shëtis, vizitoj
Примери:
Шета по дуќани.
Тој шеташе на коњ по селата.
Сум шетал по многу земји и градови.
4. За очи, мисла - движи се во разни правци.
Англиски: wander Албански: endem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Очите му шетаа по движењата на гостинот.
Мислата и душата ти шеташе по љубовниците и нечесните жени.
5. (безл.) Води некого на прошетка.
Англиски: walk Албански: shëtis, ecë
Примери:
Ги шетав децата.
6. оди, обиколува
Англиски: travel Албански: udhëtoj, ecë
Примери:
Сум ги шетал јас тие места.
7. (се шета) Се движи, посетува некого.
Албански: shëtitem, eci
Примери:
Каде се шеташ?