доликуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Одговара, прилега, е во согласност со некого, со нешто.
Примери:
Нему му доликувало да се дружи со такви луѓе.
конвенираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Соодветствува, е по волја, е погодно, одговара.
Примери:
Овој живот им конвенира на мнозина.
личат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прилега, доликува, стои добро (обично во негирана форма).
Примери:
Не му личи да се расправа со постари.
прилега, одговара
Примери:
Млада е, ѝ личи да носи мини здолниште.
одговорат
Вид збор: Глагол, свршен
Исполни, изврши примена должност, обврска, задача.
Примери:
Тој не беше подготвен да одговори на таква задача.
прилегаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За облека - одговара, стои добро некому.
Албански:
përshtatet, rrin mirë
Примери:
Костумот многу убаво му прилега.