sway - онтологија

ганѕа повеќе

(се) ганѕаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се ниша при одење.
Албански: tundem
Примери:
Старците доаѓаа ганѕајќи се.

гега повеќе

(се) гегаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се ганѕа, се ниша при одење, шанта со нозете.
Примери:
Селанецот си одеше гегајќи се.

закленца повеќе

Види и: кленца (несв.)
закленцаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да кленца / кленѕа.
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Детето закленѕа низ дворот.

залула повеќе

залулаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се залула) Почне да се лула.
Албански: lëkundem
Примери:
Бродот се залула.
(се залула) Изгуби рамнотежа.
Албански: lëkundem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа се залула и падна на земја.

замае повеќе

замаам
Вид збор: Глагол, свршен
Занесе некого со нешто.
Албански: ndikoj
Примери:
Тој ја замаја девојката со слатки ветувања.

занесе повеќе

занесат
Вид збор: Глагол, свршен
(се занесе) Се движи, оди нестабилно.
Албански: sillem
Примери:
Одеднаш тој се занесе и за малку ќе паднеше.

кленца повеќе

кленцаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се ниша ваму-таму, се клати при одот, се гега.
Употреба: Разговорно

крши повеќе

кршат
Вид збор: Глагол, несвршен
Го извива, го ниша телото при одење.
Албански: thej, tund
Примери:
Крши снага.

лулее повеќе

лулеат
Вид збор: Глагол, несвршен
лула, ниша
Албански: luhas, tund
(се лулее) се лула
Албански: luhatem
(се лулее) се бранува
Албански: luhatet, valvitet
Примери:
Житото се лулееше низ полето.

ниша повеќе

нишаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Движи нешто наваму-натаму, на една, на друга страна.
Албански: luhas, tund
Примери:
Ветрот ги ниша гранките.

нишне повеќе

нишнат
Вид збор: Глагол, свршен
Заниша малку.
Албански: lëkund, tundë
Примери:
Ја нишна гранката да падне снегот.
(се нишне) Се заниша малку.
Албански: lëkundet, tundet

повее повеќе

повеат
Вид збор: Глагол, свршен
За жито - вее малку, кратко време.
Албански: gruhat

поразниша повеќе

Види и: разниша (св.)
поразнишаат
Вид збор: Глагол, свршен
Разниша малку, донекаде.
Примери:
Ветрот ги поразниша гранките на дрвјата.
(се поразниша) Се разниша малку, донекаде.

разлула повеќе

разлулат
Вид збор: Глагол, свршен
разлелее, разниша

разлулее повеќе

разлулеат
Вид збор: Глагол, свршен
разлула

расколеба повеќе

расколебаат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика сомневање кај некого, неувереност во своите постапки, намери и сл.
Албански: lëkund
Примери:
Ништо не можеше да го расколеба.

тетерави повеќе

(се) тетерават
Вид збор: Глагол, несвршен
При одењето - се навала и на едната и на другата страна.
Примери:
Се тетеравеше од едниот крај на улицата до другиот.

шантра повеќе

Види и: шанта (несв.)
шантраат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) шанта
Употреба: Дијалектен збор