а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вее

веат; веј, вејте; веев, вееја; веел; веен; веејќи; веав, веаја; веал; веан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 4528
1. Дува ветер.
Англиски: blow Албански: frym
Примери:
Вееше тивко, пролетно ветре.
2. Паѓа снег со крупни снегулки.
Англиски: snow Албански: bie borë
Примери:
Гледај, повторно вее снег.
Вее лапавица густа.
3. Чисти зрна од плева.
Албански: pastron
Примери:
Вее пченица.
4. Ветрот со дување носи нешто.
Англиски: blow Албански: fryj
Примери:
Пролетното ветерче вееше исушени лисја.
5. се насетува, се провлекува, се чувствува
Англиски: sense Албански: ndjenjë
Употреба: Преносно значење
6. се шири, се разлева, се разнесува
Англиски: spread Албански: përhap
Примери:
Силно го удри в лице студен, мемлив воздух што вее од ѕидовите на старите куќи без сонце.
7. (се вее) се витка, се лелее
Англиски: wave Албански: valëvitje
Примери:
Косата му се вееше на ветрот.
Се вееше црвеното знаме.
8. (се вее) скита, талка
Англиски: wander Албански: gjarpëron
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие знаат и дека носиш брада и дека се вееш таму-ваму сам.
Ветар го вее - за несериозен човек.
Изведенки
веење ср.
глаг. им.