Вид збор: Именка, машки род
мн. опашки
Вид збор: Именка, женски род
Израсток на задниот дел од телото на животните, како продолжение на 'рбетот.
Српски:
реп
Албански:
bisht
Бугарски:
опашка
Употреба:
Зоологија
Примери:
Голем шарен пес ги пресретна во дворот и почна да ја врти опашката.
Долги перја на задниот дел од телото кај птиците.
Примери:
Кукавицата ја вртеше својата долга опашка.
Крајниот, заден дел од телото кај риби, змии и други влекачи, инсекти и сл.
Примери:
На камењата веќе стојат гуштерици со скинати опашки.
Издолжен, обично подвижен дел на нешто.
Примери:
Опашка на комета.
Заден дел од фустан, костум, капут, пола што виси во задниот дел од телото.
Примери:
По нив одеше човек, наметнат со пелерина, чија опашка беше прекумерно долга.
Споредна, неважна личност во некоја група, колектив.
Примери:
Не е тој од големите, тој е само опашка таму.
Вид збор: Именка, женски род