Зоологија - категорија

овен повеќе

мн. овни
Вид збор: Именка, машки род
Вид домашно животно, мажјак на овца.
Англиски: ram Албански: dash
Примери:
дебел овен, црн овен

овца повеќе

мн. овци
Вид збор: Именка, женски род
Домашно животно, преживар, што дава волна, млеко и месо.
Латински: Ovis aries Англиски: sheep Албански: dele
Примери:
Блее како овца.

овчи повеќе

овча
Вид збор: Придавка
Што е добиен од овца.
Примери:
овчо млеко

ојагни повеќе

ојагнат
Вид збор: Глагол, свршен
За овца - донесе на свет јагне.
Англиски: lamb Албански: pjell qingj
Примери:
Неколку овци ојагнија по две јагниња.

оклопник повеќе

мн. оклопници
Вид збор: Именка, машки род
Вид животно што живее во јужна Америка.
Латински: Dasypodidae Англиски: armadillo

окози повеќе

окозат
Вид збор: Глагол, свршен
За коза – донесе на свет јаре.
Англиски: have goat Албански: pjell edh, kec
Примери:
Козата окози две јаренца.
(се окози) Добие, роди јаре.
Албански: pjell edh
Примери:
И двете кози се окозија.
(се окози) За јаре - се роди.
Албански: pjell edh
Примери:
Се окозија две јариња.

октопод повеќе

мн. октоподи
Вид збор: Именка, машки род
Мекотело морско животно со две крупни очи на главата и со осум краци на кои има пипала.
Латински: Octopidae Англиски: octopus

окучи повеќе

окучат
Вид збор: Глагол, свршен
Донесе на свет млади кученца.
Албански: pjell klysh
Примери:
Кучката окучи четири прекрасни кученца.
(се окучи) За кучка - роди млади кученца.
Албански: pjell klysh
Примери:
Вчера ни се окучи Лиска.
(се окучи) За куче - се роди.
Албански: pjell klysh

омрести повеќе

омрестат
Вид збор: Глагол, свршен
Положи икра.

опаш повеќе

Види и: опашка (ж.)
мн. опаши
Вид збор: Именка, машки род
опашка
Англиски: tail Албански: bisht

опашка повеќе

мн. опашки
Вид збор: Именка, женски род
Израсток на задниот дел од телото на животните, како продолжение на 'рбетот.
Англиски: tail Српски: реп Албански: bisht Бугарски: опашка
Примери:
Голем шарен пес ги пресретна во дворот и почна да ја врти опашката.
Долги перја на задниот дел од телото кај птиците.
Англиски: tail Албански: bisht
Примери:
Кукавицата ја вртеше својата долга опашка.
Крајниот, заден дел од телото кај риби, змии и други влекачи, инсекти и сл.
Англиски: tail Албански: bisht
Примери:
На камењата веќе стојат гуштерици со скинати опашки.

опнокрилец повеќе

мн. опнокрилци
Вид збор: Именка, машки род
Вид инсект со два пара тенки проѕирни крилја.
Примери:
Кај опнокрилците првиот пар крилја се поголеми од задните.

опраси повеќе

опрасат
Вид збор: Глагол, свршен
За свиња, маторица - донесе на свет, роди прасиња.
Албански: pjell derra
Примери:
Маторицата пролетоска опраси шест прасиња.

опрли повеќе

опрлат
Вид збор: Глагол, свршен
За магарица - донесе на свет, роди прле.
Албански: pjellë
(се опрли) За магарица - донесе на свет, роди прле.
Албански: pjellë
(се опрли) Се роди прле.
Албански: pjellë

орангутан повеќе

мн. орангутани
Вид збор: Именка, машки род
Bид човеколик мајмун.
Латински: Simia satyrus Англиски: orang-outang

оревче повеќе

мн. оревчиња
Вид збор: Именка, среден род
Мала песнопојна птица.
Латински: Troglodytes parvulus Англиски: wren Албански: trumcak

орел повеќе

мн. орли
Вид збор: Именка, машки род
Голема граблива птица што живее во планинските, карпести предели.
Латински: Aquilia Англиски: eagle Албански: shiponjë

орле повеќе

Види и: орел (м.)
мн. орлиња
Вид збор: Именка, среден род
орел
Англиски: eagle

орленце повеќе

Види и: орел (м.)
мн. орленца
Вид збор: Именка, среден род
орел
Англиски: eagle

орлица повеќе

мн. орлици
Вид збор: Именка, женски род
женка орел
Англиски: eagle
Примери:
Орелот и орлицата се движеа кон сонцето кружејќи.

орлиште повеќе

Види и: орел (м.)
мн. орлишта
Вид збор: Именка, среден род
орел
Англиски: eagle

орлов повеќе

орловиот
Вид збор: Придавка
Што е од орел, му припаѓа на орел или личи на орел.
Примери:
Нејзиниот орлов нос чиниш се допираше со брадата.

орнитологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што ги проучува птиците, дел од зоологијата.
Англиски: ornithology

оса повеќе

мн. оси
Вид збор: Именка, женски род
Инсект еднокрилец со жолто-црна боја и со осило на задниот дел.
Латински: Vespinae Англиски: wasp
Примери:
Потекол целиот, го каснала оса.

осемени повеќе

осеменат
Вид збор: Глагол, свршен
Кај добиток - внесе сперма на вештачки начин заради оплодување.
Англиски: inseminate

ослич повеќе

мн. осличи
Вид збор: Именка, машки род
Вид морска риба слична на штука.
Латински: Merlucius vulgaris Англиски: stock fish
Примери:
печен ослич

осојка повеќе

Види и: сојка (ж.)
мн. осојки
Вид збор: Именка, женски род
сојка
Англиски: magpie

острига повеќе

мн. остриги
Вид збор: Именка, женски род
Вид морска школка чие месо се служи како скап морски специјалитет.
Латински: Ostrea edulis Англиски: oyster Албански: gocë deti
Примери:
Нарача порција остриги.

отели повеќе

отелат
Вид збор: Глагол, свршен
За крава - донесе на свет, роди теле.
Албански: pjell viç
Примери:
Нашата крава отели шарено теле.
(се отели) За крава - роди теле.
Албански: pjell viç
Примери:
Кравата се отели пред два дена.
(се отели) За теле - се роди.
Албански: pjell viç
Примери:
Ни се отели теле.

отровница повеќе

мн. отровници
Вид збор: Именка, женски род
Змија со смртоносен отров.
Англиски: viper
Примери:
Смртта е предизвикана од змија отровница.

оцелот повеќе

оцелотот
Вид збор: Именка, машки род
Вид мачка, позната како џуџест леопард.
Латински: Leopardus pardalis Англиски: ocelot

очиларка повеќе

мн. очиларки
Вид збор: Именка, женски род
Отровна змија од родот на кобрите која живее во Азија.
Латински: Naja tripudianis Англиски: cobra
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш