thigh - онтологија

баџак повеќе

мн. баџаци
Вид збор: Именка, машки род
бут, бедро
Турски: bacak
Употреба: Архаизам
Примери:
Такви баџаци како кај неа, не сум видел!

бедро повеќе

мн. бедра
Вид збор: Именка, среден род
Надворешниот горен дел од бутот од коленото до трупот.
Употреба: Анатомија
Примери:
Мускулите на бедрата му играа поради качувањето по угорницата.

бут повеќе

мн. бутови
Вид збор: Именка, машки род
Дел од телото на човекот, од коленото до колковите.
Турски: but Албански: kofshë
Употреба: Анатомија
Примери:
Беше ранет во рамото и во бутот на левата нога.

натколеница повеќе

мн. натколеници
Вид збор: Именка, женски род
Делот од ногата над коленото, бут.
Албански: kofshë
Употреба: Анатомија
Примери:
Вежби на мускулите на градниот кош, на стомакот, на натколеницата, на потколеницата и на стапалото.