литиот
Вид збор: Придавка
Што е тенко и ретко во ткаењето, што се реси, се кине (за алишта, материјал).
Примери:
Лито палтенце.
оретчениот
Вид збор: Придавка
разреден, редок
Примери:
Земаше оретчена медовина за замрениот крвотек.
ретки
Вид збор: Придавка
Што не е чест, густ; што е расположен далеку еден од друг.
Примери:
Ретки влакна.
слаби
Вид збор: Придавка
Кој е танок, сув, мршав.
Примери:
Сè си е таква: ситна и слаба, но сосем здрава.
танколикиот
Вид збор: Придавка
(за сено) Тенок, кој има тенки сламки.
Примери:
Видел едно сено окосено, ама едно танколико било како некоја коприна.
танка
Вид збор: Придавка
Релативно мал во напречен разрез или во ширина.
Српски:
танак
Албански:
i hollë
Бугарски:
тънък
Примери:
танка штица, танка хартија
За течност или некаква маса: не густ, редок, разреден, слаб, прозрачен.
Примери:
Ова млеко е многу танко.
Вид збор: Придавка
танок
Примери:
Тонка јасика тонка да бидит.