танок
танка
Вид збор: Придавка
Ранг: 2996
1.
Релативно мал во напречен разрез или во ширина.
Примери:
танка штица, танка хартија
танок слој, танка жица
танок прст, танок врат
танка линија, танки веѓи
Спротивно од:
дебел (прид.)
2.
За течност или некаква маса: не густ, редок, разреден, слаб, прозрачен.
Примери:
Ова млеко е многу танко.
танко вино
танок чад, танки облаци
3.
(за звук или глас) висок
Примери:
Ја познав веднаш по нејзиниот танок глас.
танко свиркање
Слично со:
висок (прид.)
4.
(за снага) виток
Англиски:
slender
Албански:
i hollë, i dobët
На снага е танка и висока.
танка половина
Слично со:
виток (прид.)
5.
(прен. за сетило) чувствителен
Примери:
Танок слух (развиен, осетлив).
Танок вкус (префинет вкус).
Слично со:
чувствителен (прид.)
6.
мал, одвај забележлив
Примери:
танка разлика
танки детали