tire - онтологија

замори повеќе

заморат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика замор кај некого.
Албански: lodh
Примери:
Газдата ги замори работниците со тешката работа.
(се замори) осети замор, се умори, се измори
Албански: lodhem
Примери:
Таа се замори од долгото чекање.

измори повеќе

изморат
Вид збор: Глагол, свршен
(се измори) Стане уморен.
Албански: lodhem, rraskapitem
Примери:
Учениците се изморија, решавајќи цел ден задачи по физика.

истепа повеќе

Види и: тепа (несв.)
истепаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се истепа) Се премори, премали од нешто.
Албански: mbytem nga puna, lodhem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се истепав од работа.

омали повеќе

омалат
Вид збор: Глагол, свршен
премали
Албански: lodhem

омрцлави повеќе

омрцлават
Вид збор: Глагол, свршен
Изгуби сила, ослабне, омлитави.
Албански: lodhem, humb fuqin
Примери:
Го рече тоа и ја омрцлави главата.
(се омрцлави) се олабави
Албански: lodhem
Примери:
Целиот се омрцлави на буката.

поумори повеќе

Види и: умори (св.)
поуморат
Вид збор: Глагол, свршен
Умори некого малку, во некоја мера.
Албански: lodh pak
Примери:
Ние како да ве поуморивме.
(се поумори) Се умори малку.
Албански: lodhet pak
Примери:
Се поуморив од работа, ќе седнам малку.

премори повеќе

преморат
Вид збор: Глагол, свршен
(се премори) Премногу се умори.
Албански: lodhem shumë
Примери:
Бев тотално преморен.

скапне повеќе

скапнат
Вид збор: Глагол, свршен
капне, измори
Примери:
Скапнав од работа.

скине повеќе

скинат
Вид збор: Глагол, свршен
уништи, запусти, измори
Албански: lodhur
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ме скина патувањево.

умори повеќе

уморат
Вид збор: Глагол, свршен
измори
Албански: lodhje
Примери:
Таа работа многу ме умори.
(се умори) се замори
Албански: lodhem

уморува повеќе

Види и: умори (св.)
уморуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
заморува
Албански: lodhem
Примери:
Вревата мене секогаш ме уморува.
(се уморува) се заморува
Албански: lodhem