а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одмори

одморат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3798
1. Остави, даде некому да се почине.
Англиски: rest Албански: pushoj, çlodh
Примери:
Одмори ги работниците малку.
Направи пауза за да ги одмори очите од читањето.
2. Помине време во одмор, се почине.
Англиски: rest Албански: pushoj, çlodhem
Примери:
Одморил малку и пак продолжил да копа.
3. (се одмори) Се почине, поврати сили.
Англиски: rest Албански: pushoj
Примери:
Се одмори лежејќи во тревата со поглед кон небото.
Малку подзастана на козјата патека, се одмори па продолжи.
Изведенки
1. одморува несв.
(се) одморуваат
2. одморување ср.
глаг. им.