together - онтологија

барабар повеќе

Вид збор: Прилог
заедно
Турски: beraber
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој сака барабар со нас да биде.

вкуп повеќе

Вид збор: Прилог
Заедно, на куп, одеднаш.

заедно повеќе

Вид збор: Прилог
Во заедница, во друштво со некого.
Албански: bashkë
Примери:
Заедно береа грозје.

наедно повеќе

Вид збор: Прилог
Заедно, здружено како едно.
Примери:
Неколку препеви објавил наедно со своите песни.

сосе повеќе

Вид збор: Предлог
со, заедно со
Примери:
Дојде сосе децата.

хорски повеќе

Вид збор: Прилог
Во хор, истовремено.
Примери:
Одговараат хорски.

џумле повеќе

Вид збор: Придавка
сите заедно
Турски: cümle
Употреба: Разговорно
Примери:
И си отидоа сите џумле.