Вид збор: Предлог
Насока, правец на движење.
Одеа кон фабриката со забрзани чекори.
Насоченост, остварување на одредена цел.
Да пристапиме кон поединечно изјаснување за предлогот.
Значење на приближноcт за место, простор.
Кон крајот на улицата никнува уште една дивоградба.
Значење на приближноcт за време.
Ќе се вратам кон пладне.
Значење на приближноcт за количество.
Бројот на молзните крави е веќе кон триста.
Значење на присоединување, приклучување, додавање.
Цел ден го подготвуваа анексот кон договорот.
Однос спрема некого или нешто.
Бидете коректни кон војниците, немојте да ги провоцирате.