кон
Вид збор: Предлог
Ранг: 35
1.
Насока, правец на движење.
Англиски:
towards
Одеа кон фабриката со забрзани чекори.
Орелот леташе кон планинските врвови.
2.
Насоченост, остварување на одредена цел.
Англиски:
toward
Да пристапиме кон поединечно изјаснување за предлогот.
Поттик кон заедничко извршување на обврските.
3.
Значење на приближноcт за место, простор.
Англиски:
towards
Кон крајот на улицата никнува уште една дивоградба.
4.
Значење на приближноcт за време.
Англиски:
towards
Ќе се вратам кон пладне.
Се подготвуваат да го повторат подвигот кон крајот на месецот.
5.
Значење на приближноcт за количество.
Англиски:
towards
Бројот на молзните крави е веќе кон триста.
6.
Значење на присоединување, приклучување, додавање.
Англиски:
toward
Цел ден го подготвуваа анексот кон договорот.
Кон прашањето за економската емиграција по балканските војни.
7.
Однос спрема некого или нешто.
Англиски:
toward
Бидете коректни кон војниците, немојте да ги провоцирате.
Нетрпеливоста кон новиот шеф јавно ја манифестираше.