towel - онтологија

крпа повеќе

мн. крпи
Вид збор: Именка, женски род
Парче ткаенина, фротир што служи за бришење раце, лице, тело.
Албански: peshqir
Примери:
Му ја подаде белата крпа да си ги избрише рацете.

пешкирче повеќе

Види и: пешкир (м.)
мн. пешкирчиња
Вид збор: Именка, среден род
пешкир
Употреба: Деминутив
Примери:
Таа префрли преку рамо шарено пешкирче.

пештемал повеќе

мн. пештемали
Вид збор: Именка, машки род
Голем пешкир за бришење по капење.
Турски: peştamal
Употреба: Архаизам
Примери:
(нар. поез.) Купи ми, купи, лудо, црвен пештемал / да си завијам, лудо, русата коса.

рачник повеќе

мн. рачници
Вид збор: Именка, машки род
Крпа за раце.

риза повеќе

мн. ризи
Вид збор: Именка, женски род
Пешкир за бришење лице.
Албански: peshqir, rizë
Употреба: Архаизам
Примери:
Го избриша лицето со ризата.

убрус повеќе

мн. убруси
Вид збор: Именка, машки род
Крпа за лице.
Албански: peshqir
Употреба: Архаизам
Примери:
Се избриша со убрус.