trough - онтологија

бака повеќе

мн. баки
Вид збор: Именка, женски род
Сад во кој се става крмата за стоката.
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Бака со крма.

копанка повеќе

мн. копанки
Вид збор: Именка, женски род
Корито од издлабено дрво, обично за хранење на стоката.
Примери:
Овците ги крмеа во дрвена копанка.

корито повеќе

мн. корита
Вид збор: Именка, среден род
Длабок издолжен сад од дрво, лим или пластика што се користи за перење, капење или за хранење добиток.
Албански: govatë, koritë
Примери:
Го искапав бебето во коритото.

поило повеќе

мн. поила
Вид збор: Именка, среден род
Ограден простор или корито крај чешма каде што се пои добиток.
Албански: vendi ku pin ujë bagëtia
Примери:
Поило за говеда.