twist - онтологија

завитка повеќе

завиткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Стегне, свитка, превитка нешто.
Албански: shtërngoj
Примери:
Со клештата цврсто ја завитка жицата.

заплет повеќе

мн. заплети
Вид збор: Именка, машки род
Елемент на книжевна дело, особено на драма, во кој доаѓа до израз судирот во градењето на дејството, интересите на ликовите.
Албански: ndërlikim
Употреба: Книжевен збор , Литература
Примери:
интересен заплет

засука повеќе

засукаат
Вид збор: Глагол, свршен
За конец, жица - уврти повеќе конци, жици во едно.
Албански: dredh
Примери:
Таа го засука малку конецот пред да го вдене во иглата.
За мустаќи - свитка, завитка.
Албански: dredh
Примери:
Старецот ги засука мустаќите и погледна во нас.

засуче повеќе

(се) засучат
Вид збор: Глагол, свршен
се засука

извитка повеќе

извиткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Витка нешто до крај, целосно.
Албански: dredh
Примери:
Ги извитка шипките за оградата.

изврти повеќе

извртат
Вид збор: Глагол, свршен
Сврти од нормалната положба во еден или друг правец.
Албански: kthej
Примери:
Полицаецот му ја изврти раката на момчето.

насука повеќе

насукаат
Вид збор: Глагол, свршен
сука
Примери:
Ѝ скрои ракав, ѝ насука конци, ѝ купи нови игли.

опсуче повеќе

Види и: суче (несв.)
опсучат
Вид збор: Глагол, свршен
Обвитка, обмота околу некого или нешто.

превитка повеќе

Види и: превие (св.)
превиткаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се превитка) се превие
Албански: krrus
Примери:
Се превитка од болка.

пресврт повеќе

мн. пресврти
Вид збор: Именка, машки род
Нов правец, промена на текот, во развитокот на нешто, нагла промена на некоја состојба.
Албански: kthesë
Примери:
Дојде до пресврт во економскиот развој.

суче повеќе

сучат
Вид збор: Глагол, несвршен
За преѓа, конец, жица - спојува две или повеќе нишки, со виткање прави една.
Албански: dredh
Примери:
Фати конци да суче.

твист повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Танц што се карактеризира со вртење на телото.
Употреба: Музика и танц

усуче повеќе

усучат
Вид збор: Глагол, свршен
За конци, предено и сл.
Албански: fije
Примери:
Усучи го конецот вудве.
Увие - за мустаќи, крпа и др.
Албански: dredh
Примери:
Го усучил мустаќот.

усучува повеќе

Види и: усуче (св.)
усучуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(за конци, мустаќи) сучи, врти
Албански: kthej
Примери:
Постојано ги усучува мустаќите.
увива
Албански: dredhoj
Примери:
Раната ќе му ја усучеле со завој.