а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

усучува

усучуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. (за конци, мустаќи) сучи, врти
Англиски: twist Албански: kthej
Примери:
Постојано ги усучува мустаќите.
2. увива
Англиски: twist Албански: dredhoj
Примери:
Раната ќе му ја усучеле со завој.
3. (за кора, пита) меси, расукува
Англиски: roll Албански: gatuaj
Употреба: Гастрономија
4. (се усучува) се врти
Англиски: roll Албански: kthej
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се усучува на другата страна.
5. (се усучува) Се врти, немирно седи.
Англиски: wriggle Албански: dredh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Само се усучува, не може да заспие.
6. (се усучува) ослабува, се истенчува
Англиски: lose weight Албански: humb peshë
Примери:
Многу брзо можела да се усучи, што дури немало да ја познаеш.