unfold - онтологија

оддипли повеќе

оддиплат
Вид збор: Глагол, свршен
Отвори, одвитка нешто по ширина и по должина.
Албански: shpalos
Примери:
Таа го оддипли чаршафот и го посла на масата.

развие повеќе

развијат
Вид збор: Глагол, свршен
Пројави во поголеми размери, широко разгрне.
Албански: shpalos
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таму разви голема политичка активност.

развиори повеќе

развиорат
Вид збор: Глагол, свршен
развее, раздува
Албански: valvit
Употреба: Поетски збор
Примери:
Да развиорат еден радосен трепет.
(се развиори) Се пројави со голема сила.
Албански: përhap, valvoj
Употреба: Поетски збор
Примери:
Да се развиори докрајно гласот на совеста.

раздипли повеќе

раздиплат
Вид збор: Глагол, свршен
Развие нешто здиплено - обично за ткаенина, облека.
Примери:
Ги раздипли сите килими.

разотвора повеќе

(се) разотвораат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) разотвори

разотвори повеќе

разотворат
Вид збор: Глагол, свршен
(се разотвори) Се отвори сосем, ширум.
Албански: hap, çel tërësisht
Примери:
Се разотворија прозорците.