а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

здипли

здиплат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12341
1. Заврши да дипли.
Англиски: fold Албански: dele
Примери:
Таа ги здипли алиштата и ги нареди во шкафот.
2. украде
Англиски: steal Албански: vjedh
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Дури се сврте, и ја здиплија чантата.
Некој ми го здиплил паричникот во автобус.
3. (се здипли) Стане свиен, подгрбавен.
Албански: gërmuqun
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од таков крупен човек стана на половина, се здипли.
Изведенки
1. здиплува несв.
(се) здиплуваат
2. здиплување ср.
глаг. им.