unrest - онтологија

безредие повеќе

мн. безредија
Вид збор: Именка, среден род
Отсуство на ред и поредок, несредена состојба.
Примери:
Се случуваа безредија и злосторства, а немаше кој да заведе ред.

далга повеќе

мн. далги
Вид збор: Именка, женски род
немир, возбуда
Албански: shqetsim
Употреба: Дијалектен збор , Преносно значење
Примери:
Далги во градите.

забуна повеќе

мн. забуни
Вид збор: Именка, женски род
немир, неспокојство
Албански: shqetsim
Примери:
Неговите последни зборови предизвикаа забуна кај публиката.

превирање повеќе

Види и: превира (св.)
мн. превирања
Вид збор: Именка, среден род
превира
Примери:
Секогаш е така кога во соседството се случуваат превирања.